Пешаците во Штип се движат по улиците, тротоарот узурпиран, инспекторите на терен

Пешаците во Штип се дивжат по улиците во централното градско подрачје, бидејќи тротоарот е узурпиран, односно на него е поставена таканаречена лимена заштитна ограда од страна на изведувач кој на тој дел во градот изведува градежни активности. Граѓаните велат ова е небезбедно, бидејќи тие мора да се свижат по улците каде што се движат и возилата. Бараат да се најде друго решение, и тротоарот да се ослободи за движење.

„Очигледно е некој процес на обновување, односно на реконструкција на фасада. Дали е безбедно – безбедно е бидејќи кај нас луѓето внимават колку толку, ама инаку вака безбедно не е. Ама треба да се најде друго решение за граѓаните да има каде да се движат.“ – велат граѓаните.

Изведувачот добил дозвола за градба велат од Општина Штип за овој проблем, и два дена комуналниот, сообраќајниот и градежен инспектор се на терен и бараат решение за проблемот. Борче Везенков вели дека од нивна страна е излезено на терен, констатирани е дека изведувачот има дозвола за градба, но и дека нема простор каде да се свжат пешаците. Додава дека ќе се направил простор за минување минимум метар и половина за пешаците.

На терен денеска беше и градежниот инспектор. Весна Зенделова во телфонски разговор за М-Нет телевизија потврува дека одобрение уизведувачот има за доградба и надградба на објектот. Но на терен е излезено по две барања, првото е отпочнување на изградба, второто за констаитирање фактичка состојба. По однос на второто барање инспекцијата е најавена кај изведувачот, во наредните денови тој треба да ги достави соодветните документи и да се констатира каква е дозволата за градба со што соодветно ќе се реагира.

Лаура Стојанова М-Нет