
Преставниците на евровизија Лара, Јован и Ирина за помладата и Дани Димитровска за повозрасната публика се овогодинешните гости на 11 по ред традиционален новогодишен концерт на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип. Координаторот, професор Илија Ќосевски вели со вакви гости граѓаните имаат причин плус да бидат дел и да го проследат концертот во понеделник.
„Ве каниме на 26 во понеделник на новогодишниот добро познат 11 по ред новогодишен концерт на ДМУЦ Сергеј Михајлов Штип. Овде сум да ви ги преставам оваа година и специјалните гости. За помладата публика ги донесовме, поканивме и тие прифатија бесусловно овогодинешните преставници на детската евровизија Лара, Јован и Ирина. И уште еден гостин Дани Димитровска, позната како поп – рок ѕвезда, уште една причина да бидете дел од концертот“ – вели Ќосевски.
Картите за концеротот во вториот термин се веќе распродадени, а остануваат уште многу малку за терминот од 17 часот. Гостите се докажани уметници, музичари како што е пример од годините наназад со што се очекува граѓаните да уживаат.
„Ако проследиме последните неколку години дека имаме секогаш некои докажани гости, ументници, музичари, Дани Димитровска ја знаеме како многу добар вокал, доста направила за македонската музика, а споени со неа сме преку нашата композиторка Весна Малинова, нашата сограѓанка која е заслужна за кариерата на Дани“ – додава Ќосевски.
Предновогодишниот концерт се одржува секоја година. Во два термина затоа што заинтересираноста од годините наназад била огромна. Концерот ќе се одржи на 26 декември во Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип.
Лаура Стојанова М-Нет