Пазарот во Штип солиден, купувачите навикнати на цените, продавачите задоволни од побарувачката

Раздвижен пазарот во Штип, цените за купувачите во целина се добри. Пред камерите велат дека навикнати се на ваквите цени на производите, според нив нема дрстично покачување, а се надеваат дека ќе нема и за Нова година и Божиќ. Краставицата од 120 денари за килограм не може да си ја дозволат сите граѓани, ама велат сезонското овошје и зеленчук е со прифатлива цена.

„Нормални се цените, веќе сме научени на ова и нема проблем. Кажете ни за снижување, за покачување е најнормално, редно евеќе еднаш да излезат и да ни кажат вистината во очи. Луѓето кои продаваат 120 денари краставичката, тоа е 100% вода.“ – велат купувачите.

Зеленото, како зелка и марула се бараше и денеска на пазарот во Штип велат прадавачите. Се троши и доматот и краставицата и покрај тоа што држат повисока цена. За празниците се очекува зголемување на нивната, како и на цената на бананата.

„Убаво е времето, предновогодишно има движење си купуваат луѓето зелено. Цените се стари, зелка 20 денари, салата 20 – 25 денари. Цената за Нова година кај нас нема да се зголеми, а очекуваме поголема побарувачка, особено за Божиќ“ – велат продавачите.

Смоквите ќе се продаваат по цена од 60 денари, а умрите 100 денари. Продавачите очекуваат побраувачката да се зголеми пред празниците, а купувачите се надеваат дека цените на производите ќе останат исти.

Лаура Стојанова М-Нет