СДСМ: Ги партизира ли Јорданов образовните институции, ќе постапи ли спротивно на Законот?

По реакцијата на градоначалникот Јорданов за ускратување на правото на потенцијалните директори на училиштата да го положат менаџерскиот испит од страна на централната власт, реакција пристигна и ОО на СДСМ Штип. Од таму посочуваат на законските обврски, за кои прашуваат дали Јорданов ќе ги заобиколи.

„Дали Јорданов ги партизира образовните институции кои треба да бидат надвор од политиката? Законот е дециден дека три месеци пред истекот на мандатот на в.д. директорот треба да се распише оглас, а не кога нивните кандидати ќе положат. Дали со ова признава дека ќе постапи уште еднаш спротивно на Законот и нема да избира кандидати кои ги исполнуваат условите?“ – стои во реакцијата на СДСМ.

Ребека Спасова М-Нет