Штипскиот театар со речиси 5.000 посетители на претставите за периодот 2021/2022 година

Штипскиот театар со речиси 5.000 посетители во периодот 2021/2022 година. Домашните претстави ги посетиле 3.529 луѓе, а 1.400 присуствувале на гостувањата. Според статистиката на Државниот завод за статистика, изведени се осум дела, вкупно 43 пати, а претстави од гостувања имало десет. Во Извештајот стои дека Театарот има 45 вработени, а од нив 20 жени. Од вработените уметници се 22 и уште 23 други.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2021/2022 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 168.8 %, исто така и бројот на посетителите е зголемен во однос на периодот 2020/2021 година. Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 152.

Ребека Спасова М-Нет