
Фудбалерките на Каменица Саса во рамки на 10. коло од Првата женска фудбалска лига запишаа убедлива победа од 0:10 над екипата на Кочани на гостински терен.
Ана Димитровска сама го победи Кочани, откако постигна шест погодоци во мрежата на Клара Андреевска, која беше немоќна во канонадата на гостите од Македонска Каменица.
По еден гол постигнаа Мила Талевска, Драгана Костова и Антонина Шопска, додека пак Марија Бојкова си постигна автогол.
На останатите натпревари, најубедлива победа однесе шампионот и лидер на табелата Љуботен, кој на домашен терен со 11:0 славеше над Борец, АСС Унитед со минимални 1:0 го доби дербито со Тиверија од Струмица, Речица со „петарда“ против Шкендија (5:1), а висока победа од 6:1 забележа и Деспина од Прилеп во мечот со СЦ Истатов.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПЖФЛ:
