Пазарот во Кочани раздвижен ама со слаба побарувачка, за купувачите цените – највисоки

Раздвижен пазарен ден во Кочани, но побарувачката слаба, велат произведувачите. Според нив и покрај тоа што годината била добра и има доволно и квалитетни производи, сепак нема егзистенција, а нема ниту кој да работи. Цената на зелката на пример падна на 10 денари, што значи исплатливоста е речиси еднавка на нула.

„Многу слаба е побарувачката, ама подобар квалитет од трканската зелка нема. Цените се во зависност од пазарот, не е многу сјајно. Има побарувачка ама слабо, крај на месец е и

луѓето се без пари.“

Цените на пазарот во Кочани се најскапи велат од друга страна купувачите. Примањата ниски, цените високи, загрижени како ќе се преживее претстојаната зима.

“Најскап пазар е во Кочани. Дали народот е побогат или не знам зошто ете ние не можеме да опстанеме со 11.300 денари пензија, 37 години стаж имаме. Како да живеам, имам внуци и деца. “

Освен сезонското овошје и зеленчук кој најмногу се бараа на пазарот денеска, граѓаните можеа да купат и ореви, костени, мед и ракија. Продавачите и на овие производи не задоволни од цената, бидејќи работа има ама не и пари.

Лаура Стојанова М-Нет