
Неполна една година мостот кој ги поврзува селата Долни Балван и Таринци е затворен за сообраќај. Поради оштетувањата на мостот лани во декември, речиси 12 месеци овој патен правец е затворен за движење, иако истиот се користи со непочитување на поставената сигнализација. Дали оваа зима мостот конечно ќе биде реконстуиран го прашавме градоначалникот Паунов. 90% од активностите на терен се завршени, вели тој откако пред два месеца се склучи договор со Министерството за Локална самоуправа за реконструкција на истиот. Крајниот рок е до средината на месец декември, но Паунов уверува дека мостот може да биде завршен и порано до предвиденото.
„Мостот е во завршна фаза. Она што го имам од увидот на терен е дека 90%од активностите се зваршени. Она што со изведувачот го разговаравме е дека до крајот на овој месец или почетокот на месец декември конечно ќе биде затворен проектот и завршен со реконструкција. Имено, се работеше на сериозен зафат со кој за жал моравме и дополнително да го затвориме за сообраќај мостот, така де се одвива во една динамика која е очекувана иако краток е навистина рокот“ – кажа Паунов.
Овој мост попушти поради обилните врнежи минатата година во декември. Веднаш беше затворен за сообраќај. Неговата санација започна пред два месеца, а за реконструкција се потребни 10 милиони денари, 5,8 милиони обезбедени од Министерството за Локална самоупрва и 45% од средствата обезбедени од Општина Карбинци.
Лаура Стојанова М-Нет