
Увид во изградбата и реконструкција на улица во должина од 600 метри во село Видовиште, како и увид во градежни активности на улица во село Мородовис во должина од 100 метри изврши денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев. Според Коцев предвидените проекти се реализирани, продолжува да се инвестира, а општината со најмал Буџет од седум милиони денари направени се инвестиции од над 30 милиони денари. Акцентот е поделен на инфрастуктура, водовод и канализација, култура и спорт.
„Изградена е каптажа во село Мородвис со што решивме дводецениски проблем и домаќинставата имаат постојано водоснабдување во ова село. Во делот на поддршка на културата реконструиран е културниот дом во село Мородвис во висина од 1.700.000 денари . Исчистени се повеќе депонии, потпишан договор за дислокација на постоечката депонија во Зрновци.“ – кажа Ккоцев.
Задоволството не може да се сокрие истакна Мицкоски, бидејќи прокетите се реализираат, а градоначалниците покажуваат дека се остварува ветеното.

„Една мала општина како што е Зрновци покажува дека и покрај скромните би рекол многу мали, минимални средства и услови со кои располага самата општина успева да реализира проекти коишто многу значат за жителите овде. Една многу посветена работа од страна на градоначалникот, јас само ги охрабрувам така да продолжат. За една година реалзирани се доста значајни прокети“ – кажа Мицкоски.
Според Мицкоски градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ покажуваат еден принцип на работа кој е сппротив од оној на Владата. Станува збор за посветена и чесна работа односно работа која испорачува и се забележува на терен.
Лаура Стојанова М-Нет