Поднесени документите од ЈП Исар и училиштата во Штип за струја по пониска цена

Поднесени документите од страна на ЈП Исар за од први декември да се снабдува со електрична енергија по пониска цена. Директорот, Трајче Здрвков истакна дека од нивна страна е завршено сѐ. Додава дека не очекува дрстично намалување на цената на сметката за струја, но барем истата нема да се зголемува, а со тоа ќе се остави простор да се испалаќаат и останатите заостанати долгови на претпријатието.

„Согласно одлуките и препораките кои беа во текот на вчерашниот ден објавени од ЕСМ продажба, ЈП Исар постапи по истите, ги пополни договорите и другите обрасци што беа потребни и ги испративме. Ова значи дека ќе бидеме на регулиран пазар, но повоторно по цена повисока од онаа која беше овој период минатата година. Земајќи ги во предвид претходните сметки и цената на киловат час ќе имаме можност со оваа цена да ги исплаќаме старите долгови, односно оние долгови кои се наталожија во последната година и претходно долгот од 30 милиони денари кој не беше платен.“ – кажа Здравков.

Освен јавното претпријатие, обврската со документи ја имаат завршено и основните и средни училишта во Штип, кои се под Локалната самоуправа, уверува градоначалникот Јорданов. Според него со ова ќе се има предвид во трошоците и ќе може да се прави план за исплаќање на долговите.

“Училиштата и ЈП Исар веќе склучија договор со ЕСМ за да можат во следниот период да плаќаат струја по регулиран пазар, однонсо по цена на чинење која ќе биде регулирана. Компаративно со годините кога немавме енергетска криза, имаме и во овој момент без разлика што што ќе припаднеме со овие институции под регулиран пазар повиски цени на чинење на електричната енергија, но поволноста е тоа што ќе имаме можност да имаме предвидени трошоци. Во изминатата година бевме оставени на слободен пазар, цената на струјата беше зависна од светските берзи и достигнуваше до одредени износи кои ги надминуваа и основните приходи на овие институции“ – кажа Јорданов.

Јорданов и Здравков се со различно мислење во врска со тоа колку ваквите мерки се задоволителни и дали ќе дадат резултат.

Со ваквите мерки се опфатени прехранбената индустрија која ќе плаќа струја по 80 евра за мегават час, а јавните претпријатија по 95 евра за мегават час.

Лаура Стојанова М-Нет