
Започна новогодишната сезона, а започнаа и попустите во Штип. Со 20% попуст на целиот новогодишен асортиман штипски Аџико во наредните три дена нуди можност на сите граѓани да купат нешто ново за нивнио дом. Според вработените идејата се родила случајно и веднаш била реалзирана. Целата е во енергетска, економска криза сите граѓани да имаат можност да го разубават својот дом за претстојните новогодишни и божиќни празници и на совршен начин да го поминат најубавиот период од годината.

„Моментално се случува новогодишниот „кристмаст“ маркет за првпат во Штип, со новогодишни попусти. Овие три дена целиот новогодишен асортиман ќе биде на попуст од 20%. Целата ни е самите муштерии да имаат повеќе избор, да можат да купат, бидејќи сепак се наоѓаме во кризни моменти“ – вели Добрев.

Денешниот прв ден започна задоволително велат вработените, има посетеност од страна на граѓаните, а со попустите се нуди можност никој да не замине со празна кеса. Дополнително настанот е збогатен со новогодишни колачи кои се нудат на влезот, па очекуваат со ваквите предновогодишни настани да ги привлечат граѓаните и да го понудат својот новогодишен асортиман.
Лаура Стојанова М-Нет