Даниел Христов од Штип ќе учествува на престижна олимпијада по природни науки во Колумбија

Интернационалната јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO) ќе се одржи во Богота, Колумбија во период од 2 декември до 12 декември оваа година. Македонија ќе ја претставуваат шест ученика и тоа: Даниел Христов од Штип, Теона Ана Георгиевска и Марко Серафимовски од Скопје, Искра Нечаковска и Олег Трајковски од Битола и Михаил Шапчески од Прилеп. Учениците за олимпијадата ги подготвуваат Друштво на физичари на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонско биолошко друштво (МБД), два дена во неделата на ПМФ во Скопје. Исто така децата ќе бидат придружувани со по еден водач од секое друштво. Даниел Христов, единствениот претставник од Штип и Истокот на оваа престижна Меѓународна олимпијада.