Грејната сезона во ек, колку се води грижа за чисти оџаци во Штип?

Грејната сезона започна пред неколку денови, а поголем дел од граѓаните се одлука да се грат на дрва. Но, самото тоа по себе носи свои предивици. Чисти оџаци се повеќе од потребни, велат од ТППЕ Штип со цел да не доаѓа до несакани пожари во текот на зимата. Пракасата од изминтаите години зборува дека 70% од пожарите во текот на грејната сезона се токму од палаење на оџаци кои не се навремено исчистени, Затоа упатуваат апел до граѓаните навремено да регираат и да се обезбедат за зимата.

„Знаејќи дека следува сезона на греење поголем број од граѓаните и домаќинствата токму се на огревно дрво. Еден апел од ТППЕ Штип да ги исчистат своите оџаци, бидејќи од минатата година знаејќи дека во зимскиот период некаде околу 70% од пожарите се токму од неисчистени оџаци и запалени оџаци.“ – вели Коцев.

Граѓаните кои одлучиле да се греат на дрва велат дека се снабдени со огревно дрво, исто така веќе се и исчистени оџаците. Друг дел кои се греат на струја бараат начин како да заштедат.

Од ТППЕ Штип во оваа прилика истакнаа дека бројот на пожари е намален во поселдниот период. Нема страв и од палење на земјоделски стрништа на штипска територија бидејќи овде жетвата заврши. Но, командирот Коцев препорача граѓаните да бидат внимателни со цел да не дојде до големи пожари во периодот кој следи.

Лаура Стојанова М-Нет