Лицата со оштетен вид бараат поглеми права на светскиот ден на „Белиот стап“

Таа штипјанка, тој велешанец кој се сели и живее во Штип. Ливанта Дивчова и Горан Бошковски се лица со оштетен вид. Живеат со скромни примања, но велат финансиите се најголемиот проблем со кој се соочуваат. Дивчова вели и покрај тоа што постојат Закони и прва кои ги имаат лицата со оштетен вид сепак тешко се доаѓа до остварување на тие права. Таа е физиотерапевт, но е невработена.

„Примањата кои ги имаме се многу минимални. Сега поготово како почна кризата, цените се сѐ повиски, а примањата исти. Лицата со оштетен вид многу тешко преживуваат. Имаме многу мало вработување на слепите лица. Порано секое слепо лице не седеше дома, со рехабилитирано завршено образование обавезно се вработуваше претежно во јавните установи“ – вели Дивчова.

Бошковски ја дели речиси истата судбина како и Дивчова. Во Велес вели немало активности за спелите лица, но ситуацијата со вработувањето и финансиската состојба е иста секаде.

„Тешко се снаоѓаме финансиски. Ја со моите десет операции морам да докажувам какви се моите дијагнози. Во Велес нема никакви активности, родителите ми починаа. Живеам со 16 илјади денари примања. Се живее некако, се штеди од некои нешта, едноставно се преживува некако.“ – кажа Бошковски.

Велат дека добро е што на лековите има брајево писмо, па знаат кој лек треба да го земат. Но, доколку треба да одат на лекар на пример, мора да имаат придружба со себе. И тоа чини изгубено време за некој, финансиски средства исто така.

На светскиот ден на белиот стап лицата со пречки во видот бараат поголемо остварување на нивните права, вработување и побезбедна инфраструктурна поставеност во градовите за да можат слободнои безбедно да се движат.

Лаура Стојанова М-Нет