Пехчевска од Берово е жена – производелка на храна, производите се пордаваат онлајн

Производството и продажбата на земјоделски производи освен на пазарите се почесто се одвива и на социјалните мрежи. Жени земјоделки од регионот велат дека успешноста се црпи и преку работа и тоа го докажуваат. Емилија Пехчевска од Берово се сели да живее во Скопје, но продолжува да работи во семејната фирма во Берово каде се занимаваат со собирање на домашни и шумски плодови, нивна преработка и продажба на подготвените производи.

„Не можам да кажам дека е лесно, физички е напорно, не е само таа работа, не е само собирањето, после самата работа преработка, продажба и така натаму. Ова почна сосема случајно кога се пресиливме и кога се движевме по овие прекрасни предели, собиравме плодови за наша потреба и се појави самата иницијатива еден дел што ќе го собреме да го преработиме.“ – кажа Пехчевска.

Слична е приказната и на Кристина Тодорова од Неготино која студира на земјоделски факултет во Скопје. Се занимава со производство на печурки.

“Јас секако дека ќе се вратам во мојот роден крај, ние работиме со производство на пчечурки. Како агроном во оваа криза многу е важно да с епроизведува здрава храна и да биде достапна во маркетите“ – вели Тодорова.

И двете велат дека во моментот поактуелна е продажбата на нивните производи на социјалните мрежи. Но, големо внимание треба да се посвети и на квалитето на производите.

„Претежно понудата и можноста луѓето да не најдат е преку нашата фејсбук страница, преку дигиталните канали. Обид имавме и сѐ уште работиме да може да ги пласираме и во физички продавници.“ – додава Пехчевска.

Јоноска од Рурална коалиција вели дека производителките на храна ги обидинуваат во „Наша тезга“. Отворен е првиот женски рурален е пазар „Наша тезга“, којшто на 3 декември ќе слави една година од своето постоење, и истиот почнал со 40 жени, а сега имаме над 150.

Лаура Стојанова М-Нет