Случајот со Аки Акиов повторно тема на дискусија во Кочани

Упорно се продолжува со креирањето и негувањето на мобингот во Кочани од страна на надлежните, истакнаа декнеска на прес конференција од партијата Демократски проспиритет на Ромите. Од таму повторно реагираат за нивниот потпретседател и актулен советник во Советот на Општина Кочани, Аки Акиов дека без образложение е тргнат од функцијата која ја извршувал во КЈП Водовод.

„Веќе јавноста е запознаена дека членови на нашата партија, а вработени во ЈП Водовод Кочани беа предмет на физичко насилство веднаш по преземањето на Локалната Власт од ВМРО ДПМНЕ. Под особено силен притисок и тортура беше нашиот потпретседател на партијата и актуелен советник во Општина Кочани, Аки Акиов. На истиот поради почитувањето на ставовите на нашата партија и поради непочитувањето на политиките на мнозинството му се одземени овластувањата од работна позиција Раководител во ЈП водовод без никакво образложение.“ – кажа

Од партијата за Демократски просперитет на Ромите велат дека Акиов останал доследен на видувањата на партијата во врска со одлуки на седниците на Советот на Општина Кочани, кои биле штетни за граѓаните. Меѓу нив се пренамената на парите за изградба на типските куќи во градот, како и зголемување на цените на геотермалната вода. Велат дека притисоци Акиов добивал од општината и од ЈП Водовод Кочани.

„Од страна на самиот градоначалник, од секретарот на општината и директорот на КЈП Водовод Кочани врз него е вршен и притисок за поддржување на нивните политики во советот на општината со директна закана за неговото работно место кое е реализирано бидејќи дејствувал спротивно на личните и партиски интереси на ВМРО ДПМНЕ. Со ваквиот нивен однос се потврдува фактот дека тие водат деструктивна политика, дека немаат демократска алтернатива и дека се автори на конфликти од меѓупартиски и меѓуетнички карактер“ – кажа Ахмедовски.

На ова од страна на КЈП Водовод Кочани во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакнаа дека Аки Акиов не е деградиран, туку не е раководител во претпријатието заради неквалитетно извршување на работните обврски. Директорот Паунов истакна дека е поставено ново лице на таа раководна функција со цел работните задачи да бидат завшрени навремено и квалитетно.

Лаура Стојанова М-Нет