Цените растат, за граѓаните во Кочани парите губат вредност, зимата ќе биде тешка

Скапо, поскапо, најскапо вака анкетираните граѓани во Кочани ја оценуваат моменталната ситуација во државата. Велат дека со десет илјади денари пензија едвај се преживува, инфлацијата ја гризе нивната пензија. Платите и пензиите ниски – стандардот висок. Пред да настане кризата лебот бил 25 денари, а сега велат цената се качи дури до 40 денари што е голем удар на нивниот џеб. Но, не само цената на лебот цените се речиси зголемени на сите производи. Зимата што доаѓа ке биде неподносливо тешка со ниски пензии, а очекуваат дека цените ќе растат уште повеќе со што парата за нив би немала никаква вредност.

Во однос на пакетот на антикризни мерки кој што беше најавен, министерот Бектеши информираше дека Министерството за финансии подготвува нов пакет на мерки, кои би започнале да се применуваат во септември и ќе важат до крајот на годината, а ќе бидат наменети за најранливите категории на граѓани. Во однос на снабдувањето со гас за престојната грејна сезона, министерот кажа дека се прават напори да имаме алтернативни извори за снабдување, со оглед на тоа што Северна Македонија е целосно зависна од руски гас.Додека пак во однос на електричната енергија вели „Ќе се купува електрична енергија, но и јаглен и мазут. Планирано е да работат сите три блока во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино.