ФК Пехчево ќе стане скопски клуб

Ќе стане ли Фудбалскиот клуб Пехчево Скопски клуб. Од Фудбалската федерација на Македонија за МНет телевизија потврдија дека од клубот доставено е барање во кое се бара главното седиште на клубот од ОФС Штип  да биде префрлено во ОФС Скопје.

ФК Пехчево поднесе барање за промена на ОФС и од Штип се сели во Скопје. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го прифати барањето и сега клубот се задолжува да достави Решение за извршена промена на седиште од Централен регистар, за да добие лиценца за настап во ВМФЛ стои во изјавата на ФФМ.

Како главна причина за промена на седиштето од ФК Пехчево ги навеле финансиските услови во кои се наоѓа клубот поради откажување на постоечкиот договор за спонзорство и обезбедување на спонзори.

Инаку Фудбалскиот клуб Пехчево последната сезона во Втората фудбалска лига заврши на седмата позиција со освоени 33 бода.