
Средишниот дел на булеварот Партизанска во Штип ќе се уредува со ново зеленило. Штип веќе нема да има изглед како Дубаи, што впрочем беше заложба на претходното раководство на ЈП Исар. Украсните камења кои моментално сѐ уште се наоѓаат на средината на булеварот, меѓу градскиот стадион и студентскиот дом ќе се заменат со зелени површини. Ова се прави со цел подобар изглед на градот, но и од безбедносни причини, посочи првиот човек на Штип, Иван Јорданов.
„Како што најавивме булеварот Партизанска на потегот од автобсуката станица до до кружниот тек ќе биде преуреден, ќе се третираат веќе постоечките тротоарски површини со нови елементи, но исто така ќе се уредува и средишниот дел на овој почетен дел од булеварот Партизанска. Секако дека овој средишен дел ќе биде преуреден со зелена површина и она кое соодвестува за еден прокет за уредување на булеварска површина.“ – кажа Јорданов.
Инаку пред една година беа отстранети дрвата од булеварот Партизнаска со посебна механизација, односно истите не се сечеа туку целосно беа извадени и дел од нив свое место најдоа покрај коритото на река Браглница. Начинот на пресадувањето на дрвата тогаш беше применет за прв пат во Штип, со што истите не претпреа никакви оштетувања. Со тоа градот доби изглед како Дубаи, за денеска да се бара и примени нов начин на уредување.
Лаура Стојанова М-Нет