
Децениски страта спортска сала во село Долни Балван денеска започна да се руши. Објектот кој се наоѓа веднаш до основното училиште и преставува опасност и за жителеите, а пред сѐ за децата ќе биде отстранет, а дополнително ќе се одлучи што ќе никне на негово место. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов истакна дека ова се прави за безбедноста на жителите и сигурноста на децата, а воедно преставува едно од неговите предизборни ветувања.
„Денес започнуваме со отстаранување на објектот стара спортска сала во село Долни Балван. Имено се работи за децениски стар објект кој е склон на распаѓање и на барање на жителите овде и едно од моите ветувања кое што беше во минатото дека конечно после долги години и неколку мандати на претходниците ќе го решиме овој проблем овде. Се надевам дека со ова ќе се реши овој проблем и ќе се реализира идејата да го доуредиме просторот или да изградиме нешто ново.“ – кажа Паунов.
Средстава за отстарнување на овој стар и небезбеден објект се обезбедени од страна на Буџетот на Општина Карбинци.

„Рушењето на објектот согласно сите регулативи, сите потребни документации, со изработката на проектот, на елаборатот и тендерската постапка, со сите потребни документи чини околу 800 илјади денари, пари кои ги обезбедивме од Буџетот на Општина Карбинци“ – додаде Паунов.
Спортската сала во село Долни Балван според жителите некогаш била место каде се случувале најбавите настани. Но, катастрофалната состојба во која беше оставена со години наложуваше под итно нејзино отстранување и создавање поголема безбедност за жителните на селото.
Лаура Стојанова М-Нет