Прво авионско прскање против возрасни комарци во четврток во општина Карбинци

Прво авионско прскање против возрасни комарци ќе се спроведе во Општина Карбинци. Во четвтрок 07 јули во периодот од 5 до 8 часот наутро ќе се спорведе прскањето, на неколку локации во општината.

„ Третирањето ќе се изврши на површина од 300 хектари и тоа: 200 хектари (лево и десно по 100 метри од речното корито на Брегалница со почеток од река Злетовска до Чардаклија односно Стар Караорман во должина од околку 10 километри),
30 хектари оризни полиња под село Крупиште,
25 хектари по течението на Таринска / Раданска река (50 метри лево и десно од течението на речното корито) од уливот во река Брегалница до над село Радање
20 хектари по течението на Козјачка река ( 50 метри лево и десно од течението на речното корито) од уливот во река Брегалница до над село Козјак и
25 хектари по течението на Аргуличка/ Црвулска река од уливот во река Брегалница до над село Аргулица“ – стоеше во писменото соопштение од општината.

Од таму ги известуваат пчеларите во време на третирањето и три до четири часа потоа да ги затворат кошниците со пчели за безбедност на истите. Доколку не дозволуваат временски услови третирањето се одложува за наредниот поволен ден.

Инаку, во Општина Карбинци пропадна првиот тендер на кој требаше да се избере фирма која ќе врши прскање против комарци. На тендерот се пријавил само една фирма со многу високи цени, понудите биле неприфатливи за општината и тендерот пропаднал. Ова е втор распишан тендер и прво прскање против возрасни комарци.

Според градоначалникот Паунов најоголем ефект против комарците би бил истите да се третираат на регионално ниво, за што тој посочи дека бил иницијатор, но оваа година договор со соседните општини сѐ уште нема. Паунов се надева дека проблемот догоидина ќе се решава на тој начин и ефектот ќе биде многу поголем.

Лаура Стојанова М-Нет