Злато, сребро и три бронзени медали освоија Кик-боксерите на Гладијатор во Црна Гора.

Едно злато, едно сребро и три бронзени медали за Кик боксерите од Кик-бокс клубот Гладијатор од Штип. На Меѓународниот турнир кој се одржа изминатиот викенд во Црна Гора Ива Петрова се закити со злато во категорија -65 килограмикаде што имаше две борби, во Полуфиналето ја победи претставничјата од Босна додека во финалето домашниот борец од Црна Гора. Никола Нацев го освои второто место во категорија +94 килограми Нацев во полуфиналето го победиучесникот од Босна додека во финалето загуби од Македонски кик-боксер. Трето место освоија и Аднан Рамаданов, Слаџан Тасев и Антонија Тасев. Тренерот за Мнет телевизја Сенол Асанов изјави дека е задволен од постигнатиот  успех. Инаку следните предизвици на штипските Гладијатори е сениорско Европско првенство во октомври и јуниорско Светско првенство во Ноември.