Иван Варадиновски нов тренер на ФК Каменица Саса

Иван Варадиновски е новиот тренер на екипата на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица.

Иван Варадиновски доаѓа во ФК Каменица Саса од клупата на ФК Пехчево, кадешто двегодини беше и асистент на шефот на стручниот штаб, поранешен тренер на најмладите категории на ФК Брегалница кадешто продолжил како тренер во пионерско-младинската школа. Како фудбалер своите први натпревари ги има во ФК Брегалница Штип кадешто за првпат настапува и во сениорски тим, настапувал и за Беласица, Скопје, Локомотива и Плачковица. Се работи за млад фудбалски стручњак кој е полн со ентузијазам и желба за работа.

Иван Варадиновски се заблагодарува на управата на ФК Каменица Саса за укажаната доверба.