
Обилните вренежи од дожд во имзминатите неколку денови доведоа до појава на неколку помали одрони на патот Штип Неготино. Меѓутоа, од регионаланата подружница на Македонијапат Штип, велат дека започнале со отстранување на истите. Според одговорното лице Никола Рунчев на овој потег при вакви временски неприлики често се појавуваат помали или поголеми одрони.
„Започнавме со отстранување на одроните на патот Штип Неготино. Одроните кои се на територија на Општина Штип се чистат од страна на нашата екипа, а останатиот дел од колегите од Неготино. Имајќи ја предвид конфигурацијата на теренот секојдневно имаме одржување на овој патен правец кој ги поврзува општините од Тиквешијата со штипскиот и струмичкиот регион. На овој регионален пат, кој поминува низ планината Серта при вакви временски неприлики редовно се појавуваат помали или поголеми одрони.“ – кажа Рунчев.
Патот не е забранет за сообраќај и по него слободно може да се движи, а во моментов се изведуваат и градежни работи на еден од мостовите.
Лаура Стојанова М-Нет