
Чаеви и билки со корисно дејство може да се пронајдат и на градскиот ппазар во Кочани. Според нашата соговорничка секој чај си има своја намена односно секој чај е за соодветна болест која лекува. Таа вели дека секоја билка расте на различни места. Претежно ги бере по планините бидејки таму немало загоденост од автомобили.
„Секоја билка е за различна болест, зависи и од местото каде ја има билката и ние каде имаме можност да одеме, што најдеме, береме и продаваме.
Таа вели дека ги побаруваат граѓаните и се претежно со ниска цена односно цената се движи во интервал од десет до триесет денари парче. Меѓу планинските чаеви таа им нуди на купувачите и домашни билки.
„Има катрион, мајчина душичка, ајдучка трева, домашни чаеви, чубрика. Најмногу се берат во мај или покасно во зависност од часот.
Пред објективот на камерите на М – Нет телевизија ја објасни постапката за квалитетн чај.
“Најубаво е да се сушат на сенка, д не ги фаќа сонцето. Ако се сушат на сонце губат квалитет“
За оние кои неможат да се замислат себе си без чај преку лето додека надвор владеат високи температури билкарите препорачуваат приготвување на ладен чај.Исто така како засладувач потенцираат да се користи медот, а не шекерот.