
Селото Којково се наоѓа на меѓата меѓу Кратово и Пробиштип. Денеска овде има неколку домаќинства и пред се повозрасно население кое останало да живее во ова село. Младите се испелуваат од овде барајќи егзистенцијата во градот или на друго место. Повозрасните се занимаваат со земјоделие, одгледуваат најмногу компири, но се занимаваат и со сточарство. Божанка Павловска овде живее повеќе децении. Пред камерите на М-Нет телевизија вели условите се тие, но таа е навикната и останува овде.
„Младите заминале, старите поизгинале, останавме само тие со пензија. Чувам козички, коњи, свињи, кокошки, од земјодели одгледуваме компири, грав. Жито не семее, косеме трева за стоката и така поминува денот“
Пат до самото село нема, односно потребно е пола час до 40 минути да се оди пеш по земјен пат.

Нема продавница, институции како училиште и амбуланта, но има мир и спокој вели госпоѓа Божанка, чист воздух и вистински рај. На повеќе места има извори на природна вода која жителите ја користат за пиење, а дел од нив се и лековити.
„Околку 15 луѓе живееме овде, нема ништо, одовде децата на училиште оделе во соседното село, болница нема одеме до Картово на болница“
Павловска вели синот постојано доаѓа да ја посети, со што не останува без основни намирници за живот. Нејзиниот сопруг починал во ова село и таа вели додека може ќе остане овде.
Лаура Стојанова М-Нет