
На 13 локации утре ќе се чисти во Штип. Градоначалникот Иван Јорданов, во соработка со јавните претпријатија и урбаните заедници утре со почеток во 10 часот ќе започнат со чистење. Целта на ваквата еко акција е да се одржува чист градот и животната средина. Според него недела е идеален ден бидејќи може да помогнат поголем број на граѓани, а во акцијата може да се вклучат сите кои сакаат да придонесат за почист Штип.
„Последовантелно неколку викенди по ред Општина Штип организира еко акции и така ќе биде и овој викенд во недела со почеток во 10 часот во соработка со урбаните заедници ќе се чистат населбите и маалата. Сите наши сограѓани може да се приклучат во акцијата заедно со јавните претпријатија да ги расчистиме нашите маала и наслеби од ѓубре и смет“
Акцијата ќе биде доброволна, односно во неа може да се вклучат и вработените во администрацијата, но на доброволна основа. Истовремено, Јорданов апелира да се вклучат и граѓаните за да се исчисти поголем дел од градот. Чистењето ќе се спроведе во населбите Леваци, Света Недела, Сењак, Осми ноември, Баби, Автокоманда, Железничка, Дузлак, Ново Село и Македонка.
Претходно со подобрување на дневните темератури секоја сабота се чистеше одредена локација во Штип.
Лаура Стојанова М- Нет