
Паркикг просторот во Општина Кочани, проблем со кој секојдневно се соочуваат граѓаните. Сѐ потешко може да се најде слободно паркинг место, па потребно е да се вртат кругови, да се троши време и финансиски средства за да може да го паркирате вашето возило. Граѓаните велат под итно е потребна изградба на катна гаража како една од алтернативите сообраќајот да се растерети и гужвата, и да се зголеми можноста да се најде слободно паркинг место.
„Овој метеж што е низ градот, мислам дека е неопходно, под итно треба да се изгради катна гаража, тоа требаше многу порано, имаше многу ветувања. загрозени сме како пешаци, а ако сте возач нема каде да се паркира, треба кругови да се вртат за да се паркираш“
Поголемиот дел од анкетираните граѓани се скептици дека до крајот мандатот на актуелниот градоначалник во Кочани, Љупчо Папазов изградбата на катната гаража ќе се реализира. Според нив и претходните градоначалници ветувале, не не реализирале.
Изградба на катна гаража е едно од предизборните ветувања на Папазов. За М-Нет телевизија тој истакна дека сѐ уште се држи до истото, но конкретно кога ќе се изгради не кажа.
„За да се добие одговор на сите овие прашања треба да се изработи проект. Влегуваме во фаза на изработка на проектно решение кое ќе даде одговор за бројот на местата, можна локација, како и пресметка колку ќе чини“ – кажа Папазов.
Во Кочани има над 230 обележани паркинг места на кои се наплаќа паркинг услугата.
Лаура Стојанова М-Нет