Десетгодишниот Васил Караѓозов со медал за второ место од Балканското првенство во спортско качување

Младиот Васил Караѓозов е втор на Балканско првенство во спортско качување. Во конкуренција од шест земји и 15 претставници на Македонија, само двајца успеале да стигнат до подобар пласман, од кои Васил го освојува второто место.

За Васил ова не е прв медал, досега има медали од уште три балкански првенства, а амбициите му се да освои медал и од Светски куп.

Да се стигне до медал од Светски куп се и амбициите на неговиот матичен качувачки клуб „Астибо“ од Штип. Досега меѓу членовите бројат повеќе медали и освоени места, а некои од нив зеле учество и на Светскиот куп, за каде сѐ уште се подготвуваат за подобар успех.

Качувачкиот клуб „Астибо“ брои околу триесетина активни членови, кои трипати неделно имаат тренинзи во просториите на клубот. Викендите ги користат за активности во природа, качување на природни карпи или качување на вештачката карпа на планината Плачковица.

Ребека Спасова М-Нет