Ќе се учи ли италјански јазик во основните и средни училишта во Штип?

Можноста италјанскиот јазик да се воведе како изборен во основните и средни училишта беше една од темите на кои дискутираа градоначалникот на Штип, Иван Јорданов и италјанскиот амбасадор во Македонија, кој денеска беше во посета на Штип. Како што истакна Јорданов катедрата за италјански јазик во градот добро функционира, па воведувањето на италјански јазик и во училиштата би ја продлабочило соработката.

„Во поглед на образованието разговаравме за можноста за изучување на италјанскиот јазик во основните и средни училишта како изборен предмет. Веќе сме во постапка за правење испитувања и анализа за воведување на италјанскиот јазик, една одлична можност за воспоставиме соработка, односно да ја продлабочиме соработката“ – кажа Јорданов.

Амбасадорот во оваа прилика истакна дека му преставува огромна чест што се запозна со Јорданов, со надеж дека соработката со Штип ќе продолжи и во иднина.

Ова е една од низата средби кои Општина Штип ги остварува со странски амабасадори во држвата со цел поголеми инвестиции и продлабочување на соработката.

Лаура Стојанова М-Нет