
Клиничката болница во Штип е проект започнат во 2016 година, а до ден денес не е завршена, истакнаа на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Имено, овој проект бил започнат во 2016 година од страна на власта предводена од ВМРО ДПМНЕ, па во тој контекст тие прашуваат до каде е нејзината изградба. Причина за прес конфернцијата е посетата на Министерот за здравство, Беким Сали во Клиничка болница Штип, но без присуство на медиумите.
„На 3.3.2016 година, Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ започна изградба на највредниот и најголемиот проект во историјата на Македонија, на површина од 34,000 метри квадратни, за истата да овозможи здравствена зашита на над 200.000 жители во Штип и регионот, која според проценките требаше да биде готова за две години. При посетата на поранешниот министер за здравство од СДСМ во Штип, во август 2018 година, Министерот кажа: КБ Штип ќе биде завршена кон крајот на 2019година. Денес дознавме дека ќе има посета од сегашниот министер за здравство, но дека истата ќе биде надвор од очите на јавноста па затоа прашуваме:
– До каде еизградбата на КБ Штип?
– Дали воопшто е завршена првата фаза од изградбата?
– Се одлучија ли од Министерството за финансии и од Министерството за здравство за начинот на финансирање и конечно продолжување со работа?“ – прашаа од ВМРО ДПМНЕ.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип посочија дека ова е само уште еден доказ во низата, кој ја покажува неспосоноста на оваа Влада, негрижата кон граѓаните и дел од националанта катастрофа во здравството.
Министерот за здравство ја посети болницата и замина по посетата, без одговор на прашањата посетвани од ВМРО ДПМНЕ.
Лаура Стојанова М-Нет