
Во Источниот регион граѓаните имаат најмала доверба во полицијата, покажаа истражувањата на Евротинк- Центар за европски прашања. Истражувањата покажуваат дека на државно ниво од илјада испитаници 40% изразиле недоверба во полцијата, само 25% им веруваат, а над 33% се наутрални. Тема на проектот е како да се подобри јавното мислење за транспарентоноста и отчетноста на полицијата.
„Територијата на СВР Штип, 11 општини мешан е составот на општини кои имаат функционални совети за превенција . Во истокот функционални локални совети има во Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип, формирани, но не активни има во Берово, а сѐ уште не формирани има во Кочани, Пехчево и Карбинци“ – вели Стојановски.
Довербата на граѓаните кон полицијата може да се подобри на неколку начини, вели Александар.
Истражувањето покажало дека граѓаните бараат реонски полицајци и позорникари низ своите населби. Главната цел на проектот е да допринесе кон подобрување на јавното мислење и разбирање во однос на транспарентноста и отчетноста на полициската организација, преку зголемен степен на надзор и дијалог со цел подобрено носење и спроведување на политики кои ја засегаат јавната безбедност.
Лаура Стојанова М-Нет