
За првпа после неколку децении населба Македонка во Штип ќе добие нова асфалтирана улица. Денеска се правеа последните подготовки, на кои увид изврпи и градоначалникот Иван Јорданов. Претходно поставената и никогаш непроменета коцка е отстранета, со што улицата ќе добие нов асфалт.
„Овде започнуваме со припреми за асфалтирање на улицата. Денес се вадеше дотраената коцка која е овде отакако е направена практично населбата, веднаш потоа ќе се пристапи на нанесување на тампон и во наредните денови ќе се постави асфалтна маса“ – кажа Јорданов.
Претхоодно во оваа населба се работеше на реконструкција на водоводната мрежа, со што се работи и под земја и над земја додаде Јорданов.
„Во изминатите неколку недели овде се првично изврши промена на водоводната линија со што се инвестираа некаде околу два милиони денари под земја. Се зафативме во овој дел од градот темелно да ги завршуваме проблемите“ – додаде Јорданов.
Според дел о джителите од оваа населба пак подобро било да остане улицата со коцка, или евентуално асфалтот да се постави врз коцката.
“Коцаката е илјада пати подобра, можеа да постават асфалт врз коцката, ама никој не не прашува нас“
Во оваа прилика Јорданов побара трпение од страна на граѓаните додека да се завршат активностите во населбата, бидејќи целта на Локалната Власт во Штип е целосно и темелно улиците да бидат реконстуриани со нова водоводна мрежа и да траат со години.
Лаура Стојанова М-Нет