СВР Штип приведе 33 лица за време на празничниот викенд

Во текот на изминатиот продолжен празничен викенд според статистиката на МВР за периодот за време на продолжениот празничен викенд по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип 48 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 33 лица, од нив 4 малолетни и едно над 67 години, опоменато е едно лице, а за останатите се земени  податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатиот период на 7 лица им се издадени решенија за изолација, 11 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 130 контроли кај лица во изолација и 431 кај лица во самоизолација.