
Ако пред неколку дена кочанчани реагираа за неискосената трева во градските гробишта, деенска реакции пристигнаа за тревата околу коритото на кочанска река. Во периферните делови од градот тревата стои не искосена, граѓаните велат не е убаво за изглед, а дополнително претствува и опасност. Од годините наназад граѓаните додаваат тревата редовно се косела, вака е оставена за прв пат.
„Сега оваа година не се ја косиле, косеа ја инкау. Лани често ја косеа, сега не. Змии, крлежи се може да има“
„Претходните години добро се работеше, се надевам дека и сега ќе се искоси тревата“
Зошто тревата во делови околу коритото на кочанска река не е искосена го прашавме директорот на КЈП Водовод, Иван Иванов. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија тој истакна дека косењето се работи етпано, а реката е поделена во четири етпаи. Што значи деновиве и овој дел од коритото на Кочанска река ќе биде среден и тревата ќе биде искосена, додаде Иванов.
Лаура Стојанова М-Нет