Со стари адети и обичаи верниците го слават денешниот празник Ѓурѓовден

Денешниот ден кај народот познат како Ѓурѓовден, голем број верници го искористија за да ги посетат црквите и манастирите, да запалат свеќа и да се помолат за здравје. Во Штип имаше доволна посетеност на црвквите кои го носат името на Свети Горѓи. Според домаќинот на црквата покрај река Бралница посетеност имаше и во текот на вчерашниот ден.

„Денеска е Свети Ѓорѓи, синоќа беше повечеринката, синоќа беше мрсно курбан јагниња што имаше се делеше, денеска е посно. Посетеност имаше и вчера има и денеска.“

Граѓаните со порака денешниот празник да донесе здравје, среќа и берикет за сите, дел од нив зборувајќи за обичаите и адети поврзани со денешниот ден.

“Наутро се измиеш да ви биде убав ден, да имате здравје, бели, црвени, да се омажете.“

Овој празник е во редот празници кој менува ден но не и дата и секоја година се празнува на шести мај.

Освен во Штип празникот се одбележа и на други места во Истокот. Вчеравечер во село Видовиште Општина Зрновци имаше настани по повод денешниот празник.

Лаура Стојанова М-Нет