Во штипска градинка нема да има плата за штрајкувачите, директорката вели – шпекулации се

Владата со одлука да не им се исплати плата на вработените во градинките. Ова е ставот кој доаѓа по речиси тЌе добијат ли вработените во градинките плата по нешто повеќе од двенеделниот штрајк? Во детската градинка „Вера Циривири – Трена“ во Штип реагираат дека нема да им се исплати целосната плата, односно ќе им се исплатат само придонесите, а не и платата. Вработените кој беа на штрајк реагирале и до Општина Штип, а оттаму градоначалникот Јорданов вели дека Централната власт не стои на зборот, бидејќи при разговорите со СОНК еден од договорените услови бил исплата на целосната плата.

„Разочаран сум, но не и изненаден од Централната власт, којашто не бира механизам да се реваншира на своите граѓани. Апелирам до директорите на овие институции коишто се останати од претходната власт, бидејќи се’ уште нема промена на функциите во градинките, да бидат солидарни со нивните колеги, затоа што и тие произлегуваат од тој колектив. Да застанат рамо до рамо со своите колеги, затоа што тие се борат за основни права. Протестот е загарантирано право, а во едно време кога има инфлација на дневна основа, да се остават луѓе без приход е крајно несериозно и неодговорно од страна на Централната власт и МТСП. Особено, имајќи го фактот дека при разговорите со СОНК, еден од условите да се стави штрајкот во мирување беше да се исплати во целост платата“, истакна Јорднов.

На ова директорката на градинката, Софка Атанасова, вели дека информациите се во доменот на шпекулации.

„Ова можам да кажам дека се шпекулации, ние ги чекаме насоките од МТСП. Сѐ уште немаме направено пресметки за платите на вработените, а ќе бидат направени кога ќе ги добиеме насоките.“ – вели Атанасова.

Од друга страна, пак, Општината поднела иницијатива до градинките во Штип за донесување на одлука за ослободување од партиципација за децата кои не биле згрижени за време на штрајкот.

„Поднесовме барање до градинките на територија на општина Штип да донесат одлука, којашто веќе е проследена на навните УО и ние како Совет веќе ќе ја донесеме конечната одлука за да сите родители чиишто деца не беа згрижени во изминативе денови додека траеше штрајкот бидат ослободени од плаќање надоместок за згрижување. Сметам дека ова е во насока на градење заедничка доверба“, додава Јорданов.

За ова родителите претходно потпишуваа и петиција, а во однос на исплаќањето плата на вработените сѐ уште е нејасно дали и колку истите ќе добијат.

Ребека Спасова М-Нет