
Автомобили се движат по веќе затворената крстосница во населба Сењак во Штип. И покрај тоа што крстосницата повеќе од две недели е завторена за сообраќај, соо претходна најава бидејќи на неа се извршуваат градежни активности, сепак граѓаните копристат прилика и возат по истата.
Од СВР Штип истакнуваат дека постојано се реземаат активности и се санкциионираат сите оние кои не ги почитуваат поставените сообраќајни знаци.
„СВР Штип е постојано на терен и секој кој ќе биде затекнат како минува по затворена улица за сообраќај и ги прекршува поставените сообраќајни знаци ќе биде санкциониран. Санкцијата за непочитување на сообраќајен знак е 45 евра“ – кажа портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.
И првиот човек на град Штип, Иван Јорданов апелираше до граѓаните да имаат трпение уште неколку дена, додека улицата да се асфалтира и повтроно да биде пуштена во функција.
„Апелирам до сите наши сограѓани совесно да ги почитуваат сите сообраќајни знаци. Согласно на тоа дека сѐ уште се одвиваат градежни активности на крстосницата во населба Сењак заради временските прилики и заради тоа што овие неколку денови не дозволуваат временските прилики асфалтирање, веднаш штом ќе се создадат услови истата крстосница ќе биде асфалтирана и веднаш потоа истата ќе биде ставена во функција“ – кажа Јорданов.
Инаку, непочитување на сообраќајни знаци на оваа улица се бележеше усте на првиот ден од нејзниото затворање, кога неколку мотори ја користеа истата.
Лаура Стојанова М-Нет