
СВР Штип ги известува граѓаните на општина Штип дека согласно годишната програма на МВР на РСМ и СВР Штип, од страна на полициски службеници од ПС ОН Штип, ПС за БПС Штип и останатите организациони единици со седиште во СВР Штип, на ден 05.05.2022 година во времето од 08 до 16 часот на военото стрелиште Пенуш ќе биде изведено боево гаѓање со лично и формациско вооружување. Се известуваат граѓаните на општина Штип и околните населени места кои гравитираат околу военото стрелиште Пенуш, на ден 05.05.2022 година во времето од 08 до 16 часот да не се движат во и околу военото стрелиште Пенуш од безбедносни причини. Ова известување е со цел да не дојде до вознемирување на месното население.