
Верниците од католичка вероисповед викендов го празнувааат најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден. Црквите кои го сметаат времето според грегоријанскиот календар денеска одбележуваат Велика Сабота, ден предвесник на најголемата радост, Воскресението.
Празникот Велигден е ден кога се слави Христовиот пат, кој е неговото воскресение и живот. Како симбол на секоја победа, празникот значи победа на смртта и вечен живот. Воскресението Христово е воскресение на секој човек, а радосниот поздрав „Христос воскресна! Навистина воскресна!“ е пораката која на велигденскиот ден се шири меѓу луѓето.
Вечерва во Католичката црква во Штип ќе се одржи и свечената велигденска литургија или воскресното бдение, кое ќе започне во 19 часот, а ќе се одбележи со посебни обреди. На големиот велигденски ден, пак, утринската литургија ќе започне во 10:00 часот. Велигден годинава по грегоријанскиот календар е на 17 април, а по јулијанскиот ќе се слави следната недела, на 24 април.
Ребека Спасова М-Нет