
Мозаичните работилниците ќе продолжат да се спроведуваат со цел да се разубават јавните површини во градот. Мозаикот како техника раширена и низ другите земји во рамки на проектот ќе ја работат учениците од училиштата низ Штип, што понатаму ќе претстави како ти мозаични инсталација во Штип, Скопје и Кратово.
Дека мозаикот треба да се користи како алатка за разубавување на сите училишта, институции и јавните површини согласен е и директорот на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, установа во која ќе се одржуваат работилниците. Според Трајков, мозаикот ќе трае и ќе го разубавува просторот подолг период ако се одржува како што треба.
Проектов секоја година е поддржан од некоја странска амбасада, а годинава поддршката доаѓа од Бугарската амбасада. Сопругата на бугарскиот амбасадор која го истакна своето задоволство за учеството во проектов.
„Многу ми е мило што денес сме заедно во Штип. Многу сум среќна што ја давам својата поддршка за почеток на овој прекрасен проект од кој сум воодушевена и очекувам да ги видам резултатите по три месеца. За мене е што работиме со Емилија Аврамчева и директорот Горан Трајков. Посакувам успех и многу инспирација на сите“, истакна Ангелова.
Целта е да се промовира мозаикот како техника, но освен античкиот мозаик кој е познат за земјава, да се истакне и современиот мозаик. Здружението работи како катче за интеракција на културите, со што и ваквиот проект се спроведува во истата насока.
Ребека Спасова М-Нет