Побарувачка има, но пазарот скап, според купувачите – за едни месо, за други само салата

Продавачите, главно, задоволни од пазарниот ден, за купувачите скап пазар. На недела дена пред Велигден цените на дел од производите покачени, оние на кои веќе им е сезона со нешто пониска цена. Зелката најатрактивен производ, но и најевтин. Производи во изобилство, има и откуп, но веќе ретко кој купува.

За сиромашните само салата, за побогатите месо за празниците. Вака купувачите ги коментираат цените на градскиот пазар. Несразменото покачување на пензиите, ниските примања и малиот буџет дозволуваат за дел од граѓаните празничната трпеза да биде само скромна.

Овој петок јагодите и краставицата можеа да се најдат и по цена од 80 денари, најмногу се бараше зеленчук, а интерес имаше и за бананата, лимонот и јаболката.

Ребека Спасова М-Нет