Во недела Брегалница се враќа како домаќин на „градски“

Во недела Брегалница се враќа како домаќин на „градски“. По двата одиграни натпревари во Прилеп и Скопје поради градежните активности кои се извршуваа на градскиот стадион во Штип, во недела на 17 април Брегалница ќе ја пречека екипата на Шкендија од Тетово на домашен терен. Извршион директор на Брегалница, Емил Тодев потврди дека натпреварот закажан за во недела ќе се игра во Штип. Според него неопходните активности на градскиот стадион се при крај, не се целосно завршени, но има можност натпреварот да се одигра на вистински домашен терен. Тој додаде дека за 10 дена се очекува целосно да биде завшрен теренот на „градски“ и да светне во полн сјај. Натпреварот Брегалница Шкендија е закажан со почеток од 16 часот.

Инаку, Брегалница во претходните два натпревари беше домаќин во Скопје каде ја пречека Ренова и во Прилеп каде силите си ги одмери со екипата на Работнички.

Лаура Стојанова М-Нет