
Продавачите, главно, задоволни од пазарниот ден, за купувачите скап пазар. На недела дена пред Велигден цените на дел од производите покачени, оние на кои веќе им е сезона со нешто пониска цена. Зелката најатрактивен производ, но и најевтин. Производи во изобилство, има и откуп, но веќе ретко кој купува.
За сиромашните само салата, за побогатите месо за празниците. Вака купувачите ги коментираат цените на градскиот пазар. Несразменото покачување на пензиите, ниските примања и малиот буџет дозволуваат за дел од граѓаните празничната трпеза да биде само скромна.
Овој петок јагодите и краставицата можеа да се најдат и по цена од 80 денари, најмногу се бараше зеленчук, а интерес имаше и за бананата, лимонот и јаболката.
Ребека Спасова М-Нет