Во петок свечено отворање на мозаичните фонтани пред НУЦК „Ацо Шопов“ Штип

Просторотот пред Дом на култутра „Ацо Шопов“ Штип во нов сјај. Со изработката на мозаик од вредните раце на учениците од основните училишта во Штип, просторот пред домот на култутра добива нов лик. Директорот на установата Горан Трајков ги повика граѓаните во петок на отворањето на мозаичните фонтани. За сите дечиња ќе следуваат и благодарници додаде Трајков.

„Ја имаме честа да ги поканиме граѓаните во петок во 12 часот да додјат на отоврањето на нашите мозаични фонтани кои ги изработија учениците од основните училишта под менторство на Александра Димитрова и Верче Наумова. Ние се надеваме дека овие мозаични фонтани кои ги работеа макотрпно два месеци ќе помогнат во обновувањето на сјајо на центарот за култура“ – кажа Трајков.

По поставувањето на мозаичните фонтани ќе се уредува и фасатада на домот за култура исто со изработки од мозаик. Овој прокет ќе се работи до месец јули.

Проектот е предвидено да трае нешто повеќе од два месеци и да се создаде нов лик на фасадата на Домот на култура Ацо Шопов Штип.

Лаура Стојанова М-Нет