
Преубав фудбалски викенд во Раковски, Бугарија за помалите пионери на ФК Брегалница. Меѓународниот турнир “Франц Коков” беше отворен од големата бугарска фудбалска ѕвезда Димитар Бербатов. Овој турнир е за деца родени 2009 година и во него учествуваа екипи од три држави, Македонија, Србија и Бугарија.

Овој турнир е еден од најстарите детски меѓународни турнири во Бугарија. Учествуваа следните екипи: Брегалница Штип, Марица Пловдив, Секирово Раковски, ФК Јунајтед, Спартак Пловдив, Будучност Ниш, Ботев Пловдив и Македонија ЃП од Скопје.

Во првиот натпревар екипата на Брегалница го победи ФК Јунајтед од Пловдив со 1:0, а стрелец на голот Антонио
Арсов. Вториот натпревар заврши нерешено 3:3 со екипата на Марица од Пловдив, стрелци на головите за Брегалница беа Младен Радевски со два гола и Антонио Арсов. Во третиот натпревар децата на Брегалница загубија од Секирово Раковски со 1:0. Така екипата на Брегалница го освои 5.место на овој престижен меѓународен турнир.
