Учениците и наставниците од ООУ „Славејко Арсов“ заедно со Јорданов засадуваа дрва

Учениците и наставниот кадар во Општина Штип денеска на почетокот на пролетта симболчно засадија дрва во дворовите, но и парковите во близина на училиштата. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов беше во посета на училиштето „Славејко Арсов“ во населба Баби од каде истакна дека ова е начин да се порача дека треба да се чува чиста и зелена животната средина.

„Денес сум во основното училиште „Славјеко Арсов“ каде симболично ќе засадиме неколку дрвја во дворот на училиштето и во паркот, заедно со учениците, со наставниот кадар. Она кое што сакам да го порачам е дека денешниот ден треба да испрати една симболична порака до сите граѓани на Општина Штип да се грижиме на животната средина, да ја негуваме затоа што Штип е наш заеднички дом“ – кажа Јорданов.

Денешниот ден го искористија и учениците од останатите училишта во град Штип за чистење, засадување дрва и зачувување на животната средина. Истовремено, на ваков начин и поскаа топло добредојде на пролетта.

Лаура Стојанова М-Нет