
Пред почетокот на сеидбата и припремата на земјоделците од кочанско за производство на нова реколта ориз, поголем дел од оризарите со став дека нема да сеат ориз. Нивните барања сѐ уште не се прифатени од страна на Владата и Министерствот за земјоделство, цената нафтата и ѓубривата постојано растат , а оризот останува најефтин. Претходните години овој период нивите беа полни со земјоделци кои се подготвуваа за сеида, годинава оризовите полиња се празни, бидејќи со 1500 денари колку што им останува на земјоделците не им се исплаќа работата.
„Годинава лошо нема да сееме, со овие цени неисплатливо и ќе стојат така. Воден надоместок, ѓубрива, воопшто не планираме да сееме нека стојат така нивите“
„Сеев шест до сеум хектари, но на оваа сега ситуација нема толку да насеам“
Здравко Арсов вели дека ако не се исполнат веќе поставени издржани барања, оризопроизводителите ќе организираат генерален штрајк на ниво на државата во исто време, бидејќи со сегашната ситуација оризовите полиња ќе останат празни во налик на џунгла.
„Нашите барања беа пред сеидбата цените да се договорат, оти ние без цена не можеме да сееме, од мерките за зелена нафта не сме добиле за 2021 и 2022. Бараме исплата на субвенции до крајот на март. Во спротивно нивите ќе останат празни“
Оризарите бараат да им биде платена маката, бидејќи тие се столбот за исхрана во државата, додадва Арсов. Истовремено, поголем делод произведувачите на белото злато од кочанско спас од кризата ќе бараат надвор од границите на државата, бидејќи као што истакнаа никој нема слух за нивните проблеми.
Лаура Стојанова М-Нет