
Вандализам во кочанскиот спортско рекреативен центра Бавчалук. Корпите за отпадоци искршени, дел завршиле во самиот простиор, друг дел своето место го пронашеле во реката, клупите уништени, отпадоците од корпите за ѓубре расфрлани. Граѓаните кои живеат во овој дел од градот, но и оние кои овде го поминуваат своето слободно време во прошетка и релаксација со реакција до нашата редакција. Велат не е прв пат состојбата на овој простор да биде ваква. И онака, овој рекративен центар го губи епитетот кој го имаше некогаш, но со вакви дела се достигнува врвот.
За ваквата настаната ситуација ги прашавме и надлежните. Директорот на КЈП Водовод Кочани, Иван Иванов истакна дека за вандализмот дознава од нас, но додаде дека секоја недела екипи од претпријатието вршат контрола, собираат отпадоци.
„Од вас дознавам дека е извршен вандализам во СРЦ Бавчалук. Екипи од КЈП Водовод секоја недела го чистат овој простор, но верувајте, не сакам да навредам некого, но не можеме да исчистиме толку колку што несовесни граѓани може да остават ѓубре и смет. Има поставено корпи за отпадоци на повеќе места, не е во ред нивно уништување и расфрлање на отпадоците. Но, ќе реагираме повторно“ – кажа Иванов.
Во оваа прилика тој апелираше до граѓаните да го зачуваат просторот кој е наменет за спорт и рекреација, прошетка и забава. За отпадоите има корпи и истите не треба да се уништуваат, бидејќи истите се поставени за граѓаните, додаде Иванов.
Лаура Стојанова М-Нет