
Денес или утре Македонија пат ќе врши увид за да се види колку може да реагира во врска со одроните на автопатот Миладиновци – Штип. По два месеца, колку што стојат одроните, Македонија пат со расположливите средства ќе реагира, иако во тек е и јавна набавка за компанија која треба да изврши санација.
Во меѓувреме, на две места од автопатот од Свети Николе до Скопје каде има поголем одрон и свлечено земјиште во помал размер се вози само по една коловозна лента. Бочварски во неколку наврати напомена дека нема да се пристапи на брзо решение, ако истото е штетно.
Ребека Спасова М-Нет